Welcome visitor you can log in or create an account

За Нас

ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ

Кога патувам луѓето велат „Уште едно место во светот“, но јас гледам уште еден свет во секое место каде што одам. Да патуваш, значи да живееш...

Патувањето е единственото нешто што не прави побогати !!!

Секоја нова дестинација, секое ново патување, е голем предизвик и не збогатува со информации, познанства, нови пријателства и многу позитивна енергија која што не мотивира поуспешно да се справиме со секојдневните обврски.

Нека животот не ви поминува на едно место, отворете го вашето срце за нови искуства,патувајте, дружете се, истражувајте...  Живееме во прекрасен свет полн со убавина, шарм и авантури. Нема крај на авантурите само ако ги бараме со широко отворени очи 

Парите се трошат, но спомените, новите пријателства и искуствата остануваат!!!

Би сакале ли одморот да Ви биде бесконечен, да немате грижи околу организирање на Вашето патување? Ние сме тука само за Вас !!!

Ние сме стручен и професионален  тим кој нуди квалитетен сервис и услуга од самиот почеток до крајот на патувањето ставајќи  посебен акцент на деталите се со цел клиентите да бидат максимално опуштени и сигурни во патувањето..

Патувајте со нас за незаборавни доживувања …

Редовни активности:

Концертен туризам: Организирање на превоз и аранжман за сите концерти во Македонија и странство

Авионски билети: Авионски билети до сите светски дестинации со огромен избор на авиокомпании и летови кон европските и светските дестинации по наефтини расположливи цени

Туристички патувања: Организираме индивидуални патувања по ваша желба. Хотелски резервации за инвидуални патувања ( бизнис или за одмор и релаксација)

Годишни одмори: Летувања и зимувања во Македонија и странство

Автобуски превоз: Автобуски билети за цела Европа

Патничко осигурување: Нашата агенција во соработка со WINNER INSURANCE GROUP и EUROLINK OSIGURUVANJE Македонија Ви нуди најквалитетно патничко осигурување за сите дестинации во светот.

 

 

 

Log in or create an account