Welcome visitor you can log in or create an account

LAST MINUTE - ЛЕТО 2019 !!! КЕФАЛОНИЈА,ПОРОС - Вили ”KIKI”,”ALEKOS” и ”ASTIR” и хотел ”MIHAELA”

 LAST MINUTE - ЛЕТО 2019 !!!

КЕФАЛОНИЈА,ПОРОС - Вили ”KIKI”,”ALEKOS” и ”ASTIR” и хотел ”MIHAELA”

- 60 евра попуст  по лице за термини  07.07 - 17.07

ТЕРМИН 07.07. - 9 НОЌИ

  – 219 цена по лице за 1/3 соба
 

ТЕРМИН 17.07. - 9 НОЌИ

  – 259 цена по лице за 1/3 соба

 

Датум на поаѓање
Почеток на аранжманот
Крај на аранжманот
1/6
1/5
1/4
1/3
1/2
07.07.2019
08.07.2019
17.07.2019
/
/
/
 279€ 
 299€ 
16.07.2019
17.07.2019
26.07.2019
289€
289€
299€
309€
329€
25.07.2019
26.07.2019
04.08.2019
289€
289€
299€
309€
329€
03.08.2019
04.08.2019
13.08.2019
289€
289€
299€
309€
329€
12.08.2019
13.08.2019
22.08.2019
279€
279€
289€
299€
319€
21.08.2019
22.08.2019
31.08.2019
 269€ 
 269€ 
 279€ 
 289€ 
  309€ 

 

≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈
Кефалонија е најголемиот Јонски остров, сместен јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе Ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести, но има и песочни плажи. Тоа што најмногу ќе ве воодушеви на овој остров е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејзажи, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе ве натера повторно да го посетите.

Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместно е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружено е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно гратче и е пристаниште во кое доаѓаат туристи најмногу од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до пажата Скала 12 км. Порос ги има скоро сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалинија, а тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

Дали знаете?
Национален танц на жителите на Кефалонија е познатиот “balos” – танц на орли, кој со слична кореографија може да се види кај жителите на Киргистан.
Кефалонија најчесто се поврзува со книгата и филмот “Мандолината на Капетанот Корели”. Филмот е снимен на островот во 2001 година, а главни актери биле Николас Кејџ и Пенелопе Круз.
Се зборува дека и Момо Капор има летувано на овој остров.
Едно од географските чуда на Кефалонија е езерото Мелисани, кое според легендите името го добило по нимфата Мелисани, која се удавила во истото поради невозвратената љубов од богот Пан.

Плажа Миртос - Најубава плажа на островот е познатата Myrthos Beach која се наоѓа на Северозападниот дел на Кефалонија, која е заштитен знак на островот. Плажата е 12 пати прогласувана за најубава плажа во Грција. Оваа плажа е со бели камчиња и токму заради тоа бојата на морето е сина како на сликовница, оваа плажа многу наликува на плажите на Лефкада.

Плажа Антисамос - Антисамос плажата е втората плажа по убавина после Миртос. На самата плажа е сместен манастирот Агрилион, од каде погледот остава без здив. Белиот песок и ситните бели камчиња ја прават волшебна.

Xi Orange Beach – Портокалова плажа - Се наоѓа на 40 км од главниот град на Кефалонија.Оваа плажа е посебно интересна за посетителите заради портокаловата бојата на песокот, која што се добива од чудната комбинација на бојата на песокот со сончевите зраци.Тука можете да уживате во некој од многуте барови и да се напиете некој освежителен коктел 

Крстарење по Островот Итака - Островот Итака се наоѓа на североисток од Кефалонија и е еден од 7-те Јонски остови со површина од 120 км2. Според легендите Итака е родното место на Одисеј. Овде се пронајдени остатоци од куќа од осмиот век пред нашата ера што е период во кој се верува дека Одисеј живеел како крал на Итака. Во последните години грчките медиуми изјавуваат дека ќе го претворат овој остров во мало “Монако” со супер луксузни хотели, вили, терен за голф, пристаниште за 200 јахти и целосно опремена туристичка населба. Овој остров ќе ве воодушеви со прекрасното тиркизно море.

Главниот град на Кефалонија – Аргостоли - Аристоли е главниот град на Кефалонија и е сместен на едниот крај од  заливот, а со другата страна на заливот е поврзан со преубавиот камен мост кој е заштитен знак на Островот.Овој мост е еднинствениот кој го преживеал земјотресот од 1953 година кога цел град бил срамнет со земја.Во овој град ќе можете да  посетите некој од поголемиот број на кафичи, ресторани, таверни, сувенирници и да прошетате по преубаво уреденото шеталиште покрај самото море, кое е исто така заштитен знак на овој преубав град.

Пештерата  Мелисани со подземното езеро - На источниот брег на Кефалонија, во близина на градот се наоѓа и неверојатната пештера Мелисани и истоименото живописно подземно езеро.Ова место со право се смета за едно од најубавите природни знаменитости на Грција. Да ја посетите Кефалонија а да не го посетите ова чудо на природата е навистина жално.

Плажа Скала - Кристално чиста вода, вегетација која расте речиси на плажата која е долга преку 3км. Ова се само неколку причини поради кои Скала е еден од најважните туристички центри на Кефалонија. Ова е идеална плажа за вистински да се одморите со книга или пиво во рака  Скала е место што веќе преку ден ќе го посетиме, но истото сосем различно изгледа навечер. Ова е најгостопримливото место во близина на Порос кое е гнездо на најромантични ресторани со најголем избор на грчка традиционална кујна и медитерански специјалитети. Идеален излет за сите гурмани и романтичари.

Вила Кики - Вила Кики располага со двокреветни студиа и четирикреветни апартмани. Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса. Вилата се наоѓа на 200 метри од центарот на градот, 20 метри од морето и 250 метри од градската плажа.

Вила Алекос - Вила Алекос располага со двокреветни и трокреветни студија и еден петокреветен апартман.
Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса.Вилата се наоѓа на 50 метри од центарот на градот и 150 метри од градската плажа.

Вила Астир - Вила Астир располага со двокреветни студија. Сите соби имаат  клима (доплата на лице место), кујна и тераса.Се наоѓа на 100 метри од центарот на градот и на 10 метри од море.

ХОТЕЛ МИХАЕЛА- Хотел Михаела располага со двокреветни и трокреветни студија. Сите соби имаат  клима (доплата на лице место) мини фрижидер и Wi – Fi.Се наоѓа на 600 метри од центарот на градот и на 250 метри од плажа.

≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:

Цената на аранжманот вклучува:

Сместување на база 9 ноќевање на Кефалонија/Порос

Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје

Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини

Организација на аранжманот и пратител на групатa

Цената на аранжманот не вклучува:

Факултативни излети

Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, се плаќа во агенција)

Индивидуални трошоци

Патничко и здравствено осигурување

Напомена:

За патниците кои не користат превоз од агенцијата цената  не се намалува.

Наведените цени од табелата се однесуваат за тргнување од Скопје.

 

 

Тргнувањето од Скопје – состанок на група во 17:30 часот, тргнување 18:00 часот.

Напуштање на собите е во 10:00 часот.

Тргнувањето од Кефалонија/Порос  е предвидено во попладневните часови.

Користење само на превоз е 90евра по патник.


≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈≈

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените  и на самата агенција. За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Тимот на ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ - Скопје Ви посакува пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели ...
За подетални информации, резервации и уплата обратете се во нашата агенција ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ на телефонските броеви: ++389/02 5514300, 078/248568 и 078/293385 или на маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

  •  

Log in or create an account