Welcome visitor you can log in or create an account

★★★★★НОВА 2019 - САРАЕВО ★★★★★

  ★★★★★НОВА 2019 - САРАЕВО ★★★★★

*** Повелете на уште едно прекрасно патување***

4 дена/2 ноќевања на база ВВ ( ноќевање со појадок)

ТЕРМИН:30.12.2018 – 02.01.2019

  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ( за уплата до 15.11.2018) : 115 /11.160 ДЕН ≈≈≈

  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 125 /11.160 ДЕН ≈≈≈

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз со високотуристички автобус (A/C;TV;DVD;CD)
  • Сместување во хотел  4* на  база  2НП (ноќевање со појадок)  http://www.hotel-exclusive.ba/
  • Oрганизација и водство на програмата со лиценциран придружник

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативните посети
  • Мостар 15 еур
  • Влезници за музеите и културно историските споменици
  • Свечена вечера 50 еур во хотел Exclusive

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • Цената е изразена во €, плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност 1 € = 62 ден.
  • За патувањето важат општите услови на патување

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

Сараево – град кој нема да ве остави рамнодушни. Градот кој претставува невидлива граница помеѓу Истокот и Западот.  Градот каде се испреплетуваат богатата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа или „Ерусалим на Балканот. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба.
Низ градот тече реката Миљацка, а во близина на градот се наоѓаат и изворите на реката Босна, каде се наоѓа популарното излетничко место Вруток на Босна.Градот на кујунџулук и на Баш чаршија која ве плени со нивната убавина и амбиент.Градот на севдахот, традицијата, културата и бурната историја на овие Балканските простори.

Ден 1.  29.12.2018  БИТОЛА - ПРИЛЕП - ВЕЛЕС - СКОПЈЕ - САРАЕВО

Состанок на групата пред деловните простори на агенција и заминување во 18:30 часот. Заминување кон Босна и Херцеговина. Патот води преку Косово-или Србија. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности.

Ден 2.  30.12.2018    САРАЕВО

Пристигнување во Сараево во утринските часови. Сместување во хотел. Во попладневните часови панорамски разглед на градот со водич : градската општина, Башчаршија, Којунџилук, посета на најстарата православна црква во Сараево, Катедралата, посета на Латинскиот Мост (кадешто бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд кој довел до избувнувањето на Првата светска војна), Величествената Газихусбергова џамија. Слободно време за индивидуални прошетки низ Сараево.Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3.  31.12.2018    САРАЕВО - МОСТАР

Појадок. Заминување за Мостар (факултативно) Разглед на градот и неговите историски знаменитости - стариот мост, чаршијата, факултативна закуска босански бурек - специјалитет на градот Слободно време за индивидуални активности.Враќање во Сараево. Припрема за најлудата ноќ. Свечена вечера  со музика и забава до раните утрински часови во хотелот или на плоштад. Ноќевање. 

        

Ден 4.  01.01.2019   САРАЈЕВО - ВИШЕГРАД - СКОПЈЕ - ВЕЛЕС - ПРИЛЕП - БИТОЛА

Појадок. Заминување за Вишеград во попладневните часови. Вишеград – Град сместен на бреговите на реката Дрина и град на Иво Андрич. По договор упатување кон Скопје и Битола.

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените  и на самата агенција. За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Тимот на ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ - Скопје Ви посакува пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели ...
За подетални информации, резервации и уплата обратете се во нашата агенција ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ на телефонските броеви 078/248568 и 078/293385 или на маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

 

 

 

 

 

 

Log in or create an account