Welcome visitor you can log in or create an account

★★★★★НОВА 2019 - АЗУРЕН БРЕГ (COTE D’AZUR) ★★★★★

 ★★★★★НОВА 2019 - АЗУРЕН БРЕГ (COTE D’AZUR) ★★★★★

≈≈≈ Азурен Брег(Милано-Ница-Кан-Сен Тропе- Монако-Монте Карло) 

 Термин 28.12.2018 -02.01.2019

АВТОБУС / 6 дена / 3 ноќевања - ВB (ноќевање со појадок)

  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 20.10.2018 : 229 € / 14.200,00мкд ≈≈≈

  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  : 249 € / 15.440,00мкд ≈≈≈

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Милано (околина) во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • Hotel B&B, Sesto san Giovani, Milano  https://bit.ly/2OIYbJ9
  • Сместување во Ница(или околина),во хотел 2*/ 3* на база 2 ноќевања со појадок,
  • Hotel de Berne, Nice http://www.hotel-de-berne.fr/en
  • Разглед на Ница
  • Посета на FRANCIACORTA OUTLET VILLAGEшопинг центар

http://www.franciacortaoutlet.it

  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  •   Задолжително патничко осигурување 190 мкд,
  •   Разглед на Милано со локален водич (10€)
  •   Новогодишна посета на Монте Карло (20€)
  •   Посета на фабрика за парфеми ‘Fragonard’ во Ез,  Монако (20€)
  •   Посета на Кан и Сент Тропез (30€)
  •   Туристичка такса во Милано (5€ по лице, се плаќа во агенција)
  •   Туристичка такса во Ница (1.5€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  •   Влезници за културно историски споменици, музеи.
  •   Билети за јавен превоз
  •   Доплата за еднокреветна соба 6.100 ден

 

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови... Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот... Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот... Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег - најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата...

1 ДЕН 28.12.2018 СКОПЈЕ - МИЛАНО:

 Состанок на групата во 10 00 ч. Поаѓање во 10:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ДЕН  29.12.02018 FRANCIACORTA OUTLET - МИЛАНО:

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за предновогодишен шопинг. Продолжуваме кон Милано.  Сместување во хотел. Факултативно одиме на организиран разглед на градот со локален водич: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот.... Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности.  Ноќевање.

3 ДЕН  30.12.2018 МИЛАНО – НИЦА :

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор.  Во вечерните часови одиме на прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата. Ноќевање.

04 ДЕН 31.12.2018 НИЦА – СЕНТ ТРОПЕЗ – КАН :

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne... Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Ница. Предлагаме  дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет... единствено доживување. Враќање во Ница. Враќање во Ница. Ноќевање.

05 ДЕН  01.01.2019 НИЦА –– ЕЗ – МОНАКО - СКОПЈЕ:  

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме посета на Монако со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето....Слободно време. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

06 ДЕН 02.01.2019 СКОПЈЕ:  Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените  и на самата агенција. За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Тимот на ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ - Скопје Ви посакува пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели ...
За подетални информации, резервации и уплата обратете се во нашата агенција ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ на телефонските броеви 078/248568 и 078/293385 или на маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.


 

Log in or create an account