Welcome visitor you can log in or create an account

★★★★ БОЖИЌ 2019 - „CHRISTMAS MARKET“ - ЗАГРЕБ ★★★★

    ★★★★ БОЖИЌ 2019 - „CHRISTMAS MARKET“ - ЗАГРЕБ ★★★★

Ве водиме на „Christmas market“ во Загреб - трета година по ред е прогласен за најубавиот Божиќен базар во цела Европа.

Tермин: 06.– 09.12.2018
Автобус/ 5 дена / 2 ноќевања со појадок (BB)

 ≈ ≈ ≈ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ (за резервации до 15.10.2018): 129 € / 7.998,00 мкд ≈ ≈ ≈
≈ ≈ ≈
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 145 € / 8.990,00 мкд ≈ ≈ ≈

 ★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

 Во цената на аранжманот е вклучено:
-Превоз со високотуристички автобус
-Сметување во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок
-Посета на Christmas market
-Посета на Икеа во Белград
-Туристички придружник во тек на целото патување
-Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Индивидуални трошоци
-Билет за Божиќен трамвај – 5 евра
-Влезници за музеи и културно - историски споменици
-Туристичка такса
-Задолжително патничко осигурување


НАЧИНИ И УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:
-Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот
-Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
-Цените дадени во евра се плаќаат исклучиво во денарска противвредност по курс
1 = 62 мкд

НАПОМЕНА:
– Цената е дадена по лице за сместување во двокреветна или трикреветна соба
-За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 пријавени патници
-За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
-Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
– Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалите или музеите
-Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на програмата

  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

 Ве водиме на „Christmas market“ во Загреб - трета година по ред е прогласен за најубавиот Божиќен базар во цела Европа. Забава, гастрономски специјалитети, културни манифестации, богата музичка програма, како и вистинска празнична еуфорија ќе ве пречека на улиците на главниот град.
Звуци на божиќни ѕвончиња, илјадници светилки и лампиони, мирис на медењаци,арома од греано вино и други вкусни специјалитети...
Доволно е само да бидете дел од оваа атмосфера, спомените сами ќе ја раскажатприказната за Вашиот Божиќ!

 

1 ден 06.12.2018 (четврток) ЗАГРЕБ

Состанок на групата 30 минути пред тргнување.
-23.00 часот тргнување од Кавадарци (Автобуска станица)
-23.45 часот тргнување од Велес (бензиска пумпа Макпетрол, кај кружниот тек)
-00.30 часот тргнување од Скопје (паркингот на хотел Вип, спроти Скопски саем)
-01.00 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара)
*Организиран трансфер од Битола и Прилеп
Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 07.12.2018 (петок) ЗАГРЕБ – „Christmas market“
Пристигнување во предпладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности.Посета на „Christmas market“ (мoжност за лизгање на мраз, дегустација на локални
специјалитети, празничен шопинг, возење со божиќен трамвај или други активности кои се дел од Божиќната понуда).Ноќевање.


3 ден 08.12.2018 (сабота) ЗАГРЕБ – „Christmas market“
Појадок. Слободно време за одмор и индивидуални активности.Посета на Christmas market (можност за возење со туристички воз „Доњи град“). Наша препорака е прошетка до „Горниот Град“ и секако посета на некој одБожиќните концерти, како ѝ уживање со добро греано вино.Ноќевање.

4 ден 09.12.2018 (недела) ЗАГРЕБ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Поаѓање за Македонија. Шопинг во Икеа во Белград. Возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

ДЕЛ ОД БОЖИЌНАТА ПРОГРАМА:


ПОСЕТА НА „ЛЕДЕНИ ПАРК“
На плоштадот „Краљ Томислав“ Ве очекува магична зимска идила на мраз –лизгалиште на отворено. Можност да научите да лизгате со помош на стручнилица од школи за лизгање. Музичката програма и разните гастрономски специјалитети ќе ја затоплат празничната атмосфера, додека пак, квалитетната културна содржина ќе направи да се почувствувате како да сте дел од вистинска Божиќна бајка.

ПОСЕТА НА „ПАРК ЗРИЊЕВАЦ“
Во еден од најубавите паркови во Загреб, во кој има преку 220 раскошни дрвја украсени со преку илјада светилки, музички павилјон со божиќни класици и валцери, стари загребачки специјалитети, уникатни рачно изработени сувенири и топла атмосфера ќе ве вратат во детството и ќе ве потсетат, што е всушност Божиќ.

ПОСЕТА НА „ЕВРОПСКИ ПЛОШТАД“

Строгиот Центар на градот е омилено место на младите. Освен концерти, можете да погледнете добар филм, многу интересни изложби и понуди од разни европски градови...Добро друштво, греано вино, како ѝ богата музичка програма, е услов за незаборавна забава.


ПОСЕТА НА „ЗАГРЕБАЧКА БОЖИЌНА ПРИКАЗНА“
Во Центарот на градот ќе уживате шетајќи низ божиќните куќарки полни со сувенири, благи специјалитети и новогодишни подароци. Звукот на различните жанрови (џез, фанк, рок, поп) само ќе допринесе расположението да биде поголемо.

ПОСЕТА НА „ФУЛИРАЊЕ“
Како дел од „адвентот“, на плоштадот „Штросмајер“ кај „успињача“ (Загребачка жичара), сместени се врвни ресторани и барови со специјална гурманска „street food“ понуда - гулаш, истарска супа, локални специјалитети, скара, сармички, креативни бургери и сочни колбаси...


ПОСЕТА НА „ТУНЕЛ ГРИЧ“
Пешачкиот тунел „Грич“ кој се наоѓа под „Стариот град“, за време на празници се претвора во вистинска Божиќна бајка.


ПОСЕТА НА „ТУНЕЛ МАРИЌ“
Тунел од бели гранки украсен со илјадници бели светилки. Минувајќи низ него, ќе доживеете милион воздивки, позитивни вибрации, како ѝ мали трик изненадувања.

ПОСЕТА НА „ДВОРОВИ КЛОВИЌ“
Во најубавиот дел од градот, во идилично опкружување на „Горниот Град“ ве очекуваат незаборавни моменти и спомени. Освен бесплатни концерти, божиќни колачиња и добра забава, посетителите ќе
имаат можност да се сликаат во посебна рамка – која има поглед на Загребачката катедрала. За совршена зимска фотографија, од оваа рамка може да врне снег кога и да посакате.


ПОСЕТА НА „ВРАНИЦАНИЕВА ПОЉАНА“

Бајковита локација на „Горниот Град“ која што едноставно мора да се види во живо – џез ритам со чудесна и помалку мистична атмосфера дополнета со сценографија.


ПОСЕТА НА „ШЕТАЛИШТЕ ШТРОСМАЈЕР“
Најромантичниот дел од „Горни Град“- место каде секој сон станува реалност.Препорака за посета на „Caffe de Matoš“.


ПОСЕТА НА „ИСУСОВО РАЃАЊЕ“
Драмски сцени од Исусово раѓање.


ПОСЕТА НА „АДВЕНТСКИ ВЕНАЦ“
Низ целиот град ќе бидат поставени дрвени куќарки со рачно изработени сувенири, украси и божиќни подароци за најблиските. Печени костени, божиќни колачи, греано вино и весел амбиент се рецепт за
незаборавно искуство и вистинска празнична еуфорија.

Локации: Улици – Боговиќева, Гајева, Петриќева, Варшавска, Плоштадот на република Хрватска, Плоштадот Бан Јелачиќ

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените  и на самата агенција. За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Тимот на ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ - Скопје Ви посакува пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели ...
За подетални информации, резервации и уплата обратете се во нашата агенција ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ на телефонските броеви 078/248568 и 078/293385 или на маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.


 

Log in or create an account