Welcome visitor you can log in or create an account

★★★★★ НОВА 2019 - ДУБРОВНИК - ЈАДРАНСКА УБАВИЦА ★★★★★

★★★★★ НОВА 2019 - ДУБРОВНИК - ЈАДРАНСКА УБАВИЦА ★★★★★

 ◊ ◊ ◊ ДУБРОВНИК со НИНА БАДРИЧ и ТОНИ ЦЕТИНСКИ◊ ◊ ◊

≈ ≈ ≈ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ( со уплата до 25.11.2018) :  169 € / 10.480,00  мкд ≈ ≈ ≈

≈ ≈ ≈ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :  179 € / 11.100,00  мкд ≈ ≈ ≈

ТЕРМИН: 29.12.2017 - 01.01.2018
Автобус / 5 дена / 3 ноќи - хотелско сместување +3 НВ ( појадок и вечера)

Цената на аранжманот вклучува:
• Автобуски превоз на дадената релација по програмата
• Сместување во хотел со 3+ *** на база 3 полупансиони (шведски стол)
• Организирани разгледи по програмата во Будва, Котор и Дубровник
• Организација и водство на патувањето
• Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата

 

 

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
• Влезници за посета на културно – историските споменици
• Факултативна посета разгледи по програмата во Меѓугорје и Мостар (20 €)
• Останати факултативни посети по програмата
• Патничко осигурување

НАПОМЕНА:
• За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
• Обезбедени трансфери од градовите: Прилеп, Велес, Кавадарци, Неготино
• Цената е изразена во €, плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност 1 € = 62 ден.
• За патувањето важат општите услови на патување

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

 Да ја дочекаме оваа Нова Година заедно, во весела и дружељубива атмосфера …

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

 

1 Ден. БИТОЛА – СКОПЈЕ – БУДВА – ДУБРОВНИК 29.12.2018
Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 06:00 часот. Поаѓање кон Скопје. Состанок на групата пред СРЦ Борис Трајковски во 08:30. Поаѓање за Дубровник преку Косово, Албанија, Црна Гора. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Будва во попладневните часови. Прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини, манастири и старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век. Заминување кон Дубровник – познат како бисер на Јадранот еден од најпознатите туристички центри на Јадранот. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
 
2 Ден. ДУБРОВНИК – МЕЃУГОРЈЕ – МОСТАР 30.12.2018
Појадок. После појадокот заминување кон Меѓугорје. Местото каде се појавила Мајката Божја. Заминување кон Мостар, градот на двата брега на Неретва, каде се испреплетувала историјата во минатото и во поново време. Посета и разглед на стариот дел на градот. Стариот мост, чаршијата. Заминување кон Благај каде се наоѓа изворот на реката Буна. Слободно време за ручек. Заминување кон Дубровник. Слободно време за прошетка. Вечера. Ноќевање.
 

3 Ден ДУБРОВНИК 31.12.2018
Појадок. Поаѓање за разглед на убавините на Дубровник со локален водич. Прошетка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби ќе ве остават без здив. Уживате во призорот на Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј, и многу други споменици. Слободно време за ручек и прошетка низ Дубровник. Враќање во хотел. Вечера. ДОЧЕК НА НОВАТА 2019 година со ТОНИ ЦЕТИНСКИ И НИНА БАДРИЧ на градскиот плоштад. Ноќевање.
 
4 Ден. ДУБРОВНИК – КОТОР – СКОПЈЕ - БИТОЛА 01.01.2019
Појадок. После појадокот заминување кон Котор. Попатна посета на Котор, град заштитен од Унеско како светско културно наследство. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Слободно време. Заминување кон граничниот премин Сукобин. Патувањето продолжува преку Скадар, Призрен. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
 

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените  и на самата агенција. За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Тимот на ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ - Скопје Ви посакува пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели ...
За подетални информации, резервации и уплата обратете се во нашата агенција ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ на телефонските броеви 078/248568 и 078/293385 или на маил
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

 

 

 

 

 

Log in or create an account