Welcome visitor you can log in or create an account

★★★★★ БОЖИЌ - ИЗРАЕЛ- Патека на евангелието ★★★★★

★★★★★ БОЖИЌ - ИЗРАЕЛ - Патека на евангелието ★★★★★

Откријте ја лулката на Христијанството по Патеките на Евангелието, доживејте ги физички и духовно Библиските пејсажи на Галилеа, онаму каде Исус и неговите следбеници се движеа..

Tермин: 04.– 11.01.2019
Авион/ 8 дена / 1 ноќевање со појадок (BB) + 6 Полу Пансиони (HB)

 ≈ ≈ ≈ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 899€ / 55.740 мкд ≈ ≈ ≈

≈ ≈ ≈
Доплата за еднокреветна соба : 210 € / 13.020,00 мкд ≈ ≈ ≈

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

 ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1

Во цената е вклучено :

  • Повратен авио билет Скопје – Тел Авив - Скопје

  • Сместување во Хотели со 3* Сите трансфери према програмата

  • Сите посети со вклучени влезници, према програмата

  • Стручен локален водич на српски јазик

  • Техничко водство / Пратител на групата

Во цената не е вклучено :
• Аеродромски такси 165€ / 10.230 мкд
• Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
• Задолжително патничко осигурување
• Задолжителен бакшиш за шоферите и возачите – 45 € / 2.790 мкд (се плаќа при пристигнување во Израел)

Забелешки:

Во случај на помал број од 20 пријавени патници, но најмалку 15, цената ќе се зголеми за 65 евра по патник

 

  • Доколку не се оствари минималниот број на патници агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.
  • Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување, патниците ги вршат во денари. Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата на земјата која е цел на патување,  на лице место.
  • Содржината на Панорамските тури и разгледите се подложни на промени условени од оправдани причини, (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови…)
  • Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен агенцијата не може да гарантира, со исклучок во случај кога за одреден хотел постои доплата со која патникот си обезбедува поглед на море / базен.
  • Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и ино партнерот. Во случај на накнадна промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплата за истите.
  • За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14Ч00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
  • Дополнителните односно помошните кревети најчесто се на расклопување, и често пати со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен кревет, и во истите децата го делат истиот лежај со родителите.
  • Организаторот не сноси одговорност за евентуалните поинакви усни информации за програмата на патување.
  • Цената на аеродромските такси е подлежна на промена и не зависи од организаторот на аранжманот туку од самата авио компанија. Точната цена на аеродромската такса се утврдува при издавањето на авионската карта, најдоцна 48 часа пред почеток на патувањето.
  • Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на поедини содржини заради објективни околности.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

1.Ден: 04. Јануари: Скопје – Истанбул – Тел Авив
Состанок на групата на Аеродром Александар Велики во 18:30 часот.Лет за Истанбул со ТК1006 во 20:40 часот.Оброк во авион. Слетување во 00:20 часот. Полетување со ТК 792 во 01:45 – 05 Јануари. Оброк во авион. Слетување на аеродромот Ben Gurion во 02:55 часот. Пречек од страна на претставник на локалниот партнер и трансфер до хотел во Нетанија. Ноќевање.
2.Ден: 05. Јануари: Цезареа – Хаифа – Бахајски Градини – Тибериас
По појадокот заминување кон Цезареа римски археолошки локалитет со одлично конзервираниот амфитеатар изграден од страна на Крал Ирод и ќе ги видиме хиподромот и најголемиот аквадукт во Светата Земја. Продолжуваме во посета на прекрасните Бахајски градини во Хаифа и ке имаме можност за прекрасен панорамски поглед на градот и пристаништето од планината Кармел .Посета на црквата Стела Марис изградена над пештерата во која живеел Св.Илија.Заминуваме кон нашиот хотел во Тибериас преку Галилеја. Вечера. Ноќевање.

 

3.Ден: 06. Јануари: Галилеја – Светите Олтари – Табха – Гора на Блаженствата – Капернаум – Јарденит
По појадокот се упатуваме кон Галилејското Море каде ќе имаме можност за утринско пловење со брод. Посета на Светите Олтари кои се наоѓаат покрај Галилејското Море,Езеро каде Исус пред своите апостоли и мноштво верници одржал дел од своите познати проповеди. Посета на Планината на Блаженствата и Табха место каде се случило умножувањето на рибите и лебот со кои Христос ги нахранил верниците. Ручек –риба во традиционален ресторан (вклучен во цената). По паузата за ручек се упатуваме кон Јарденит, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имате можност да се крстите во светите води на реката Јордан. Враќање во нашиот хотел во Тибериас за вечера. Ноќевање.
4. Ден: 07. Јануари: Гората Табор- Кана- Назарет
По појадокот,ќе тргнеме кон планината Табор каде ќе имаме можност да ја посетиме Црквата на Преображдението.Од поножјето до врвот на 575 м надморска висина се патува со помали такси комбиња заради тесниот пат и кривините.Заминување кон Кана Галилејска, каде ќе го посетиме местото каде се случило првото од трите Исусови чуда, кога Исус ја претворил водата во вино на свадбарската веселба.Продолжуваме кон Назарет,во посета на Базиликата на Благовештението и Пештерата над изворот каде Архангел Гаврил се јавил на Марија и и соопштил дека ке го роди Исус. Посета и на Црквата посветена на Св.Јосиф, за која се смета дека е изградена врз куќата во која живеела Светата Фамилија. Вечера. Ноќевање


5.Ден: 08. Јануари: Масада – Мртво Море
По појадокот (со спакуван багаж) се упатуваме кон Масада – искачување со жичарница на тврдината) – спектакуларна Тврдина изградена од страна на Кралот Херод а потоа ќе се упатиме кон најниската точка на Земјината топка, окулу 400м под морското ниво, кон Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме ( или плутаме ) во пријатно топлата вода. Патот го продолжуваме кон Витлеем. Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање
6.Ден: 09. Јануари: Витлеем – Маслиновата Гора – Новиот Град – Еин Карем
Појадок. Посета на Пештерата со Јаслите во Црквата на Светото Рожденство во Витлеем, како и црквата Св. Катерина и пештерата на Св.Јероним. Од Маслиновата Гора ќе имаме можност за прекрасен панорамски поглед на вечниот Свет Град. Посета на Светите Олтари на Маслиновата Гора ,Оче Наш, Капелата Dominos Flavit,Гетсеманските Градини,ќе ја посетиме Базиликата на Агонијата со Гециманската Градина.Оваа базилика е попозната како Базилика на Сите Нации.Во Гециманската Градина,Исус ги поминал последните часови пред да биде уапсен.Посета на гробот на Мајката Божја,кој се наоѓа под земја а на површината е само влезот.Спуштајќи се кон гробот се наоѓаат и гробовите на нејзините родители Св.Ана и Св.Јоаким,и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица е празен бидејќи од него телото на Богородица се вознело на небото.Посета на Ein Karem, живописно село родното место на Св. Јован Крстител. Враќање назад во хотел. Вечера. Ноќевање


7.Ден: 05. Јануари: Стариот Град – Планината Зион – Еврејски Кварт – Западниот Ѕид .
По појадокот, заминување на целодневна пешачка тура -прошетка низ Светиот Град, Via Dolorosa – патот на Христовото Страдание, ќе влеземе во Кулата Antonia, затворот каде Исус ги поминал последните часови пред да биде осуден, па повторно, по Патот на Крстот, Via Dolorosa, ке стигнеме до Базиликата на Светиот Гроб. Тука ќе ги посетиме Голгота,плочата на миропомазувањето на Исус и Христовиот Гроб. Ќе продолжиме во посета на Калвари и Празниот Гроб, Планината Зион и Еврејскиот кварт. Ќе влеземе во собата каде се одржала Последната Вечера а потоа ќе продолжиме,преку еврејскиот кварт до Западниот Ѕид (Ѕидот на плачот), најголемото Еврерјско светилиште. Вечера. Ноќевање
8.Ден: 05. Јануари: Тел Авив – Истанбул – Скопје
Одјавување од хотел во раните утрински часови и појадок. По појадокот заминување (со спакуван багаж) кон Old Jaffa,најстарото пристаниште на Средоземјето, античкиот дел на Тел Авив каде ќе ја посетиме црквата Св.Петар и уметничкиот кварт .Трансфер до аеродром за летот на ТК 787 во 15:20.Лет за Истанбул а потоа заминуваме за Скопје со ТК 1005 во 20:15.Пристигнување во Скопје во 19:45 часот
И ДОГОДИНА ВО ЈЕРУСАЛЕМ – АМИН

 


★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените  и на самата агенција. За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Тимот на ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ - Скопје Ви посакува пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели ...
За подетални информации, резервации и уплата обратете се во нашата агенција ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ на телефонските броеви 078/248568 и 078/293385 или на маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.


 

Log in or create an account