Welcome visitor you can log in or create an account

Residence LE CHRISTIANIA - Alpe d'Huez

★★★★★ СКИЈАЊЕ НА ФРАНЦУСКИ АЛПИ - ЗИМА 2017/18 ★★★★★

Residence LE CHRISTIANIA -  Alpe d'Huez

Alpe d'Huez е славна ски област во француските Алпи, која се протега помеѓу 1250 и 3330 м.н.в. Не е тајна дека градот стана познат поради најголемата велосипедска трка во светот - Tour de France.
Апартманската куќа Résidence Christiania се наоѓа во непосредна близина на трговскиот центар Les Bergers. Според нашите проценки, локацијата е исклучителна, бидејќи куќата е само 150 м од жичарницата. Куќата со типична савојска архитектура има 118 апартмани и располага со неколку видови сместувачки единици - од студија за двајца до трособни апартмани за шест лица.
Сите апартмани имаат комплетно опремени кујни, дневни соби со телевизори, спални соби со удобни кревети, бањи со тоалети и балкони со поглед на околните Алпи.
Бидејќи скијањето е страст што бара пари, ние сме задоволни бидејќи резиденцијата има добар сооднос помеѓу цената, квалитетот и удобноста.

Ски лифт: 150 m
Оддалеченост од ски патеките: 200 m
Станица за локален автобус: 100 m
Оддалеченост од продавница: 150 m
Оддалеченост од центар: 1500 m
Оддалеченост од најблискиот ресторан : 100 m

Прилагодено за хендикеприани лица
Лифт
Студиото за 2-4 лица има дневна соба со софа за две лица, спална ниша со кревет на спрат, кујна, бања, тоалет, балкон
Апартман за 4 лица (1 bedroom) - 30 m2 -
Апартманот има дневна соба со софа или два каучи, спална соба , кујна, бања, тоалет, балкон.

Апартманите се на барање, сопствен превоз( не е организиран превоз од агенцијата), за сите дополнителни информации околу расположливоста, цените, терминот и условите слободно исконтактирајте не !!!

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★
ЖУРКА НА ПАТЕКИТЕ
Во 2007 година, Luc Reversade одлучи да вдахне живот на Француските ски центри, по примерот на најпознатите светски Beach Party дестинации,само на 2.000 м надморска височина. За помалку од една деценија во француските Алпи се отворија четири клубовиLa Folie Douce , кои секојдневно ги посетуваат две илјади луѓе од целиот свет. Четвртиот по ред Folie Douce беше отворен 2013 година во Alpe d'Huez,на горната станица на лифтот Marmotte 1. Дрвена кулминација на планинската архитектура нуди Савојскиот ресторан La Fruitere, самопослужувањето Nuvo Self, Folie Shop и огромната отворена тераса со повеќе места на настани и подигната сцена. Живо е цел ден, но врвот на забавата е меѓу 15 и 17 часот-apres-ski каков досега не сте доживеале.Диџеи, пејачи, музичари, танчери, пожарникари и други изведувачи секојдневно се грижат за луда атмосфера ; смелоста на Лук му се исплатеше....Кога ќе ги посетите ќе сфатите зошто овие клубови се познати како Ибица во Алпите.


ЗА 12 МИЛИОНИ НОВИТЕТИ
Покрај убавината, овој планински центар го обележуваат и модерни уреди. Во 2015 година е реновирана и областа Auris-en-Oisans, 2016 година со12 милиони долари ја започнаа Signal / Grande Sure, со што се комплетира реновирањето на сите лифтови на Алпе d'Huez. Новиот експресен Signal е хибриден (8-седишница и кабинска во исто време) и заедно со новата 4-седишница Grande Sure заменува 6 олдтајмери, бидејќи отстранија два двоседи и четири лифтови од ски-центарот. Од врвот на планината направија нова лесна патека опремена со тунели, препреки и друга забава, бидејќи на новодојдените им овозможува пристап до почетничката патека Grenouilles - децата сега можат да се забавуваат на патот до таму. Снежниот парк, целосно редизајниран, сега нуди две сосема одвоени патеки за почетници и експерти. Последната е уредена на три нивоа по тежина и е опремена со се што во моментот е достапно на пазарот.

ЛЕГЕНДАРНАТА SARENNE, ДЕНСКИ ИЛИ НАВЕЧЕР
Alpe d'Huez поради фантастичната локација го нарекуваат и Остров на Сонцето бидејќи поради својата убавина е и едно од најдобрите француски ски центри. Репутацијата ја поткрева и Freeride, за која три правци нудат одлични насоки. Може да се спуштите и од недостапните врвови , бидејќи хелиски е исто така развиен во овие места. Легендарната Sarenne со своите 16 километри е најдолгата црна патека во светот. Од 3.330 метри високиот Pic Blanc се спушта во долината. Можете да гледате во живо, има 101 камера што целосно ја покрива патеката за онлајн преглед. Претплатете се на нашето патување Sarenne by Night и бидете на врвот на последното искачување со групата... Со светилки на шлемовите почнете ја ноќната авантура во долината. Во меѓувреме застанете на француска вечера во колиба,незаборавно искуство... По закуската и играњето во еден од снежните паркови, можете да си дозволите нешто понеобично. Погледнете ја ледената пештера или приклучете се на ласерските ледени игри. Возете се во кучешките ски запреги, или пробајте го скандинавскиот специјалитет Ski Joëring, коњска спрега, каде што вашите санки се заменети со скии.

П.С .: Не заборавајте дека шест и пол дневниот билет вклучува и еден влез во базенскиот комплекс (отворен базен), лизгалиште и спортски центар. Вклучува и еден ден скијање на скијачките патеки Grande Galaxie (Les 2 Alpes, Serre Chevalier, Montgenevre, Puy Saint Vincent и италијанскиот Via Lattea) и обезбедува 25% попуст на ски-центарот La Grave .

 

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените  и на самата агенција. За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Тимот на ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ - Скопје Ви посакува пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели ...
За подетални информации, резервации и уплата обратете се во нашата агенција ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ на телефонските броеви 078/248568 и 078/293385 или на маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.


 

Log in or create an account