Welcome visitor you can log in or create an account

Residence L'Ours Blanc - Alpe d'Huez

★★★★★ СКИЈАЊЕ НА ФРАНЦУСКИ АЛПИ - ЗИМА 2017/18 ★★★★★

Residence L'Ours Blanc-  Alpe d'Huez

Ски центарот Alpe d'Huez е познат по своите просечни 300 сончеви денови годишно, поради што се вика Остров во Сонцето. Во прилог на огромните количини на сонце, областа е исто така позната како одлична ски област со околу 250 км патеки во областа Le Grande Domaine.


Резиденцијата L'Ours Blanc се наоѓа во самиот центар на селото, во непосредна близина на продавници, лизгалишта и спортски активности. Со испреплетувањето на модерното и традиционалното, апартманската резиденција, според нашата проценка, убаво се вклопува во планинската околина и нуди добро опремени апартмани со поглед на долината или околните врвови.

Во близина на резиденцијата, на распогалање е бесплатен паркинг, и ако сакате да го имате сопствениот превоз под ист покрив со вас, во резиденцијата е достапна гаража. Со претходна најава и доплата, вашите домашни миленици се дозволени во становите.

Апартмани L'Ours Blanc се погодни за семејства, бидејќи Alpe d'Huez може да се пофали со Family Plus сертификат кој обезбедува family-friendly услуги.

Бежична интернет конекција (Wi-Fi) во сместувачките единици.

Ски лифт: 600 m
Оддалеченост од ски патеките: 600 m
Станица за локален автобус: 100 m
Оддалеченост од продавница: 50 m
Оддалеченост од центар: 100 m
Оддалеченост од најблискиот ресторан : 30 m
Прилагодено за хендикеприани лица
Лифт
Соба за багаж

Студиото за 2-4 лица има дневна соба со софа за две лица, спална ниша со кревет на спрат, кујна, бања, тоалет, балкон
Апартман за 4 лица (1 bedroom) - 30 m2 -
Апартманот има дневна соба со софа или два каучи, спална соба , кујна, бања, тоалет, балкон.
Апартманите се на барање, сопствен превоз( не е организиран превоз од агенцијата), за сите дополнителни информации околу расположливоста, цените, терминот и условите слободно исконтактирајте не !!!

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★
ЖУРКА НА ПАТЕКИТЕ
Во 2007 година, Luc Reversade одлучи да вдахне живот на Француските ски центри, по примерот на најпознатите светски Beach Party дестинации,само на 2.000 м надморска височина. За помалку од една деценија во француските Алпи се отворија четири клубовиLa Folie Douce , кои секојдневно ги посетуваат две илјади луѓе од целиот свет. Четвртиот по ред Folie Douce беше отворен 2013 година во Alpe d'Huez,на горната станица на лифтот Marmotte 1. Дрвена кулминација на планинската архитектура нуди Савојскиот ресторан La Fruitere, самопослужувањето Nuvo Self, Folie Shop и огромната отворена тераса со повеќе места на настани и подигната сцена. Живо е цел ден, но врвот на забавата е меѓу 15 и 17 часот-apres-ski каков досега не сте доживеале.Диџеи, пејачи, музичари, танчери, пожарникари и други изведувачи секојдневно се грижат за луда атмосфера ; смелоста на Лук му се исплатеше....Кога ќе ги посетите ќе сфатите зошто овие клубови се познати како Ибица во Алпите.


ЗА 12 МИЛИОНИ НОВИТЕТИ
Покрај убавината, овој планински центар го обележуваат и модерни уреди. Во 2015 година е реновирана и областа Auris-en-Oisans, 2016 година со12 милиони долари ја започнаа Signal / Grande Sure, со што се комплетира реновирањето на сите лифтови на Алпе d'Huez. Новиот експресен Signal е хибриден (8-седишница и кабинска во исто време) и заедно со новата 4-седишница Grande Sure заменува 6 олдтајмери, бидејќи отстранија два двоседи и четири лифтови од ски-центарот. Од врвот на планината направија нова лесна патека опремена со тунели, препреки и друга забава, бидејќи на новодојдените им овозможува пристап до почетничката патека Grenouilles - децата сега можат да се забавуваат на патот до таму. Снежниот парк, целосно редизајниран, сега нуди две сосема одвоени патеки за почетници и експерти. Последната е уредена на три нивоа по тежина и е опремена со се што во моментот е достапно на пазарот.

ЛЕГЕНДАРНАТА SARENNE, ДЕНСКИ ИЛИ НАВЕЧЕР
Alpe d'Huez поради фантастичната локација го нарекуваат и Остров на Сонцето бидејќи поради својата убавина е и едно од најдобрите француски ски центри. Репутацијата ја поткрева и Freeride, за која три правци нудат одлични насоки. Може да се спуштите и од недостапните врвови , бидејќи хелиски е исто така развиен во овие места. Легендарната Sarenne со своите 16 километри е најдолгата црна патека во светот. Од 3.330 метри високиот Pic Blanc се спушта во долината. Можете да гледате во живо, има 101 камера што целосно ја покрива патеката за онлајн преглед. Претплатете се на нашето патување Sarenne by Night и бидете на врвот на последното искачување со групата... Со светилки на шлемовите почнете ја ноќната авантура во долината. Во меѓувреме застанете на француска вечера во колиба,незаборавно искуство... По закуската и играњето во еден од снежните паркови, можете да си дозволите нешто понеобично. Погледнете ја ледената пештера или приклучете се на ласерските ледени игри. Возете се во кучешките ски запреги, или пробајте го скандинавскиот специјалитет Ski Joëring, коњска спрега, каде што вашите санки се заменети со скии.

П.С .: Не заборавајте дека шест и пол дневниот билет вклучува и еден влез во базенскиот комплекс (отворен базен), лизгалиште и спортски центар. Вклучува и еден ден скијање на скијачките патеки Grande Galaxie (Les 2 Alpes, Serre Chevalier, Montgenevre, Puy Saint Vincent и италијанскиот Via Lattea) и обезбедува 25% попуст на ски-центарот La Grave .

 

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените  и на самата агенција. За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Тимот на ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ - Скопје Ви посакува пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели ...
За подетални информации, резервации и уплата обратете се во нашата агенција ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ на телефонските броеви 078/248568 и 078/293385 или на маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.


 

Log in or create an account