Welcome visitor you can log in or create an account

Les 2 Alpes

★★★★★ СКИЈАЊЕ НА ФРАНЦУСКИ АЛПИ - ЗИМА 2017/18 ★★★★★

Les 2 Alpes

Термин:17.11.2017 – 26.11.2017
Автобус/ 10 дена /7 ноќевањa

 

FIRST MINUTE ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ( уплата до 26.10.2017) : 299 € /18.540,00мкд ≈≈≈

(Сместување во 6 креветни апартмани + превоз + 6 дневен SKI PASS)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ( уплата по 26.10.2017) : 309 € /19.160,00мкд ≈≈≈

(Сместување во 6 креветни апартмани + превоз + 6 дневен SKI PASS)

 

Сместувањето е во одбраните апартмани а горе наведената цена е по особа доколку апартманот е исполнет во целост т.е. да во него се сместени онолку особи колку што има кревети. Во случај помалку особи да се сместени во апартмани се доплаќа за празно легло.

√ Доплата за сместување на 2 особи во 5-креветено студио е 100
√ Доплата за сместување на 3 особи во 5-креветено студио е 40
√ Доплата за сместување на 4 особи во 5-креветено студио е 15
Доплата за сместување на 5 особи во 6-креветен апартман е 15
Доплата за сместување на 4 особи во 6-креветено студио е 40

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

√ Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – LES 2 ALPES – Скопје
√ Пратител на групата
√ 7 дневно сместување воапартмани во Multi – residences 1650
√ 6
дневен Ski pass за ски центар Les 2 Alpes (вклучено и два дена скијање во Alpe d’ Huez)

Во ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Патничко осигурување. Секој патник треба сам да извади патничко осигурување со задолжителен додаток кој вклучува ски ризик (повреди од зимски спортови).
√ Туристичка такса. Се наплаќа на ден по лице според важечкиот ценовник, директно на рецепција, а непосредно пред превземањето на апартманите (не е повеќе од 1 евро на ден по лице - деца под 13 години не плаќаат туристичка такса)

Напомени:

Постелнина и пешкири: Во цената не се вклучени пешкири и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 11-14€ постелнина и 7,5€ сет пешкири. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.
Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 400€ по студио/апартман. Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е готовинско или со резервирање на средства во висина на депозитот од девизна или кредитна картичка. Депозитот на крајот од сместувањето се враќа во целост, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети)
Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. Апартманите нудат и служба за чистење, чија што услуга дополнително се плаќа на лице место (40-70€ во зависност од големината на апартманот).

  ★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

Јануарско скијање на вториот најстар ски центар во Европа после Шамони, а воедно и еден од највисоките со глечерот на висина од 3600м. (тука се скија и во лето) Град со околу 2000 жители со голем број на ресторани и барови. Градот е сместен на 1650м надморска височина.

Les 2 Alpes е познат и по најтешката црна стаза во Европа (Grand Colouire) а познат е по перфектно средените долги и широки стази за сите типови на скијачи а нуди и одлични услови за скијање надовр од ски стазите off piste за љубителите на free ride. Стазите се во главном плави со понекоја црвена, широки и одлични за вежбање и усовршување на техники.

Les 2 Alpes е омилен меѓу многу скијачи особено на младата популација поради својот ноќен живот и најдобри Apres-ski-party. Забавата почнува во 15h во Pano Bar на скијалиштето па од 17h се сели во самиот град а завршува во дискотеката Avalanche до раните утрински часови...

Програма на патување :

05. Јануари – петок. Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 09:00 часот. Поаѓање за Les 2 Alpes во 09:30 часот.

Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

06. Јануари – сабота. Пристигнување во Les 2 Alpes во попладневните часови и сместување во апартманите.

07-12. Јануари -  Шест дневно скијање во Les 2 Alpes и факултативноможност за посета на ски центарот Alpe d’ Huez (нема доплата за ski pass)

13. Јануари – сабота. Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO непосредно пред Милано.

14. Јануари - недела. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените  и на самата агенција. За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Тимот на ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ - Скопје Ви посакува пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели ...
За подетални информации, резервации и уплата обратете се во нашата агенција ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ на телефонските броеви 078/248568 и 078/293385 или на маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.


 

Log in or create an account