Welcome visitor you can log in or create an account

★★★★★ ВИКЕНД ПОНУДА - „Лесковачка роштилијада“ 30 -та по ред ★★★★★

    ★★★★★  ВИКЕНД ПОНУДА  - „Лесковачка роштилијада“ 30 -та по ред ★★★★★

*** Повелете на уште едно прекрасно патување***

 Термин: 31.08.2019 - САБОТА

Автобус- еднодневен аранжман

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

Најголемата гастрономска манифестација на Балканот – надалеку прочуената „Лесковачка роштилијада“, годинава ќе се одржи од 26 август до 01 септември, на југот на Србија, во Лесковац. Настан кој меѓу народот е познат како „српски Октобер фест“, повеќе од 20 години се организира на централната улица во Лесковац, каде што се наместени штандовите на кои на скара се препелкаат највкусните плескавици.
И овој пат очекуваме многу забава, музика, гастрономски специјалитети, како што е приготвување плескавица за Гинис, „лесковачки гурмански воз“, мучкалица…
Традицијата е подолга од два века, а патописците уште во 18 век го спомнуваат гурманлакот – ќебапчињата во Лесковац.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

31.08.2019 (САБОТА)

  • 06.00 часот тргнување од Кавадарци (Автобуска станица)
  • 06.45 часот тргнување од Велес (бензиска пумпа Мак Оил, кај кружниот тек)
  • 07.30 часот тргнување од Скопје (паркингот на хотел Вип, спроти Скопски саем)
  • 08.30 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара)

*Организиран трансфер од Битола и Прилеп до Кавадарци.

Дневно возење со кратки попатни паузи за одмор и царинска формалност. Пристигнување во Лесковац претпладне и слободно време за индивидуални прошетки и активности.

Околу 18 часот поаѓање за Скопје.

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените  и на самата агенција. За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Тимот на ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ - Скопје Ви посакува пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели ...
За подетални информации, резервации и уплата обратете се во нашата агенција ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ на телефонските броеви 078/248568 и 078/293385 или на маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

 

 

 

 

 

 

Log in or create an account