Welcome visitor you can log in or create an account

>>> HUNGARORING 2019>>Будимпешта, 02-05.08.2019

 

>>> HUNGARORING 2019<<<
>>>Будимпешта, 02-05.08.2019<<<

 

 ТРИДНЕВЕН АРАНЖМАН СО ПРЕВОЗ, ЕДНОДНЕВНА ВЛЕЗНИЦА И ЕДНО НОЌЕВАЊЕ ВО БУДИМПЕШТА

>>>ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ + ЕДНО НОЌЕВАЊЕ ВО ХОСТЕЛ = 7.900,00 MКД

(НАПОМЕНА: Цената на аранжманот важи за сместување во 3 или 4-креветна соба во хостелот. Во случај на потреба од сместување во 2-креветна, потребна е благовремена најава при самото резервирање и доплата од 12 евра по лице на рецепцијa

*можност за плаќање на рати    

       

Термин: 02.08-05.08.2019

ПРОГРАМА

ПРВ ДЕН, петок, 02.08.2019

Поаѓање од Скопје во 18 ч, паркинг пред Хотел ВИП, спроти Скопски саем. Ноќно возење преку Србија, со повремени паузи по мотели.

ВТОР ДЕН, сабота, 03.08.2019

Пристигнување на патеката HUNGARORING околу 10 ч. Купување влезница, следење на пред настаните и квалификациите за пол-позиција Собирање на групата по завршувањето на квалификациите и заминување кон хостелот во Будимпешта (15 км од автодромот). Сместување околу 17 ч, 3-4 креветни соби (можност за добивање на двокреветна со извесна доплата на лице место, но со претходна најава). Слободно попладне и слободна вечер за заедничко излегување до Центар. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН, недела, 04.08.2019

Напуштање на хостелот. Заминување на Хунгароринг околу 9 ч. Следење на преднастаните (од 10 ч натаму) и главната трка од 14 до 16 часот. Собирање на групата на договорено место во 17 часот и заминување кон дома. Ноќно возење преку Србија.

ЧЕТВРТИ ДЕН, понеделник, 05.08.2019

Пристигнување во Македонија околу 9 часот наутро

 Аранжманот опфаќа:

*автобуски ПРЕВОЗ според програмата,
* ЕДНО НОЌЕВАЊЕ во хостел (место во 3-4 креветна соба) во Источниот дел на Пешта
*организација на патувањето

Аранжманот не опфаќа:

*ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА ТРКАТА (ГАРАНТИРАНО ги обезбедуваме на лице место по цена на денот (110 евра викенд пакет или 80 евра само за недела). Станува збор за влезници од типот ЏЕНЕРЛ АДМИШН, трибините се значително поскапи.

* меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)

  • За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

*задолжително да испратете ги своите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 

ВАЖНО!!!

Пакет аранжманите се продаваат преку продажните места на Купи Карти За Се кои поседуваат лиценца за вршење на туристичка дејност и тоа: Скопје: 1/2 Jуготон, Гтц 1 кат, ТА Савана Центар, ТА Атлантис (Т.Ц. Бисер, Влае, Центар), Art Of travel, Asiba (спроти City Mall), ТА Стаф, Кисела Вода; Прилеп: ТА Атлантис; Битола: ТА Атлантис, Глобус Травел Сервис, Тео Травел ТА; Охрид: ТА Вис Пој, ТА Атлантис; Велес: ТА Мартин Травел; Куманово: ТА Јоцо Турс; Кичево: ТА Атлантис; Струмица: ТА Aтлантис, We Travel; Штип: ТА Атлантис, Еуротурс, We Travel; Струга: Турис Биро Полет; Тетово: ТА Атлантис, Патник-Вокер; Радовиш: ТА Атлантис; Кавадарци: ТА Атлантис; Крива Паланка: ТА Атлантис; Гевгелија: Дори Травел, ТА Атлантис; Кочани: Libero Travel; Приштина: Rave Travel;  

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

Тимот на ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ - Скопје Ви посакува пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели ...
За подетални информации, резервации и уплата обратете се во нашата агенција ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ на телефонските броеви 078/248568 и 078/293385 или на маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.


 

Log in or create an account