Welcome visitor you can log in or create an account

★★★★★ ЈАНУАРИ ( четврток - недела)- ХОТЕЛ MOUNTAIN PARADISE 4*- БАНСКО ★★★★★

 ★★★★★ СЕКОЈ ВИКЕНД - ХОТЕЛ MOUNTAIN PARADISE 4*- БАНСКО ★★★★★

 Термин: секој викенд

3 ноќи / 4 Дена автобус + НB ( појадок и вечера)

 

Дополнителни услови:

Прво дете од 6-11.99 год. на дополнително легло – 50% попуст
Второ дете од 3-11.99 год. на дополнително легло – плаќа 35евра само превоз
Дете до 11.99 год. на редовно легло – 50% попуст
Возрасен на дополнително легло – 30% попуст
За сместување во еднокреветна соба се наплаќа 80% од цената за 2 лица
Сместување во едноспален апартман првите 2 лица плаќаат по 10 евра дополнително
За сопствен превоз се намалува 15 евра

АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз Скопје – Банско – Скопје

  • Сместување во хотел, со вклучен појадок и вечера

  • Раглед на местото со пратител и сите поважни знаменитости, како и запознавање со околината.

  • Организација на дневна и вечерна програма:

  • Организирана посета на ноќен клуб, паб.

  • МЕХАНА – организирана вечера со традиционална музика и храна (присуството во МЕХАНА е опционално, и секој си плаќа порција и пијалок по избор)

  • Пратител на патувањето и во текот на престојот во Банско

АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко осигурување

  • Опционална тура до Бачило

  • Доплата за туристичка такса за возрасни и деца над 2 год. : 1€ по лице на ден

 

  • Важат Општите услови на патување на СКТМ

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

Банско претставува совршен микс на традиционална и современа забава, што го прави одлична дестинација, токму по наш вкус. Градот се наоѓа во јужнозападниот дел на Бугарија, сместен под падините на Пирин планина. Популарниот скијачки центар е сместен на 927м надморска височина и го посетуваат луѓе од целиот свет. Располага со 17 скијачки патеки (должина 75 км) и 27 ски-лифтови. Наjвисоката точка на ски-центарот е 2560 м, а наjниската – 1000 м. Иако Банско има што да понуди во сите сезони од годината, со своите шармантни улички, историски и културни споменици и хотели од висока класа, сепак зимата е период кога најмногу се доживува духот и позитивното расположение на гостите.

Локација : 300 м од жичарницата

Хотелот Mountain Paradise 4* во Банско располага со 150 соби распоредени на 4 ката. Сите соби се комплетно опремени и луксузно уредени. Секоја соба располага со купатило, опремена кујна, мини бар, телевизор и балкон. Прекрасно уредената градина ќе ви овозможи да уживате во свежиот и чист воздух. Ви нуди детско катче каде најмладите можат да се опуштат и да се забавуваат додека вие одмарате во лоби барот. СПА Центар : внатрешен базен, сауна, парна бања, џакузи и финтес сала.

Кратка Програма:

1 ден: Собир на групата на Дрво декор и поаѓање за Банско во 06:00ч наутро. По пристигнувањето и сместувањето во хотел, слободно време за релаксација.
16:00ч – разглед на градот, знаменитостите и локалите. Вечера во хотелот. Ноќевање.

2 ден: Појадок.10:00 – време за слободни активности и рекреација. Вечера во хотелот.21:30 – Организирана вечер во МЕХАНА 00:00 – Организирана посета на ноќен клубНоќевање.

 

3 ден: Појадок.10:00 – Опционална, заедничка посета на бачило Организирана вечера во хотелот. 22:00 – Организирана посета на локален паб.Ноќевање.

4 ден: Појадок.По појадокот, собите се напуштаат до 10:00ч. Слободно време за прошетка и шопинг до 13:00.Поаѓање за Скопје во 14:00ч.

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените  и на самата агенција. За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Тимот на ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ - Скопје Ви посакува пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели ...
За подетални информации, резервации и уплата обратете се во нашата агенција ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ на телефонските броеви 078/248568 и 078/293385 или на маил
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.


 

Log in or create an account