Welcome visitor you can log in or create an account

★★★★★НОВА 2019 - БУДВА - СУПЕР ЦЕНА★★★★★

 ★★★★★НОВА 2019 - БУДВА - СУПЕР ЦЕНА★★★★★

≈ ≈ ≈ СУПЕР ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  59 € / 3.650  мкд ≈ ≈ ≈

ТЕРМИН: 29.12.2018 - 01.01.2019
Автобус / 4 дена / 2 ноќи

 

ВКЛУЧЕНО ВО ПОНУДАТА
Превоз со високотуристички автобус
2 ноќевања во приватно сместување во вила Парк
Придружник за цело време на патувањето

 

НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ПОНУДАТА
Факултативна посета на Дубровник 10 евра
Tуристичка такса 2 евра по лице за престој
Влезници за културно историски споменици

*Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
Напомена: за реализација на овој аранжман како и за факултативните излети се потребни минимум 45 патници!
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★

 Да ја дочекаме оваа Нова Година заедно, во весела и дружељубива атмосфера …

Будва претставува најатрактивното место на јадранскиот брег кој преку година има околу 14000 жители. Сето ова драстично се менува за време на летото кога огромен број туристи доаѓаат овде за да уживаат во својот годишен одмор и празниците. Овој популарен туристички центар изобилува со долги песочни плажи со вкупна должина од 25км. Меѓу нив најпознати и најпривлечни за туристите се: Словенска плажа, Милочер, Каменово, Могрен 1 и 2, а поодалечени се и Плоче и Јаз каде свои концерти имаат одржано популарните светски мега ѕвезди Мадона и Ролинг Стоунс. Дневните и ноќни забави се на највисоко ниво што го прават овој центар привлечен за младите луѓе ширум Балканот, но и цела Европа. Најпознати клубови се: K3, Trocadero, Top Hill, Sparta.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

1 ДЕН 29.12.2018 (САБОТА) СКОПЈЕ - БУДВА
Состанок на групата на договорено место. Поаѓање за Будва во 22.30 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 2 ДЕН 30.12.2018 (НЕДЕЛА) БУДВА

Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во приватни апартмани. Попладнето слободно време за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани. ВЕЧЕРТА ПРЕДНОВОГОДИШНА ЗАБАВА СО БОГАТА СОДРЖИНА НА ПЛОШТАД. Ноќевање.

3 ДЕН 31.12.2018 (ПОНЕДЕЛНИК) БУДВА - ДУБРОВНИК - БУДВА
Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. Век. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Будва и припрема за ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА СО ЛЕГЕНДАРНИОТ ДИНО МЕРЛИН. Ноќевање.

 4 ДЕН 01.01.2019 (ВТОРНИК) БУДВА - СКОПЈЕ
Напуштање на апартманите. Слободно време за прошетка по Словенската плажа до пладневните часови. Поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★
Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените  и на самата агенција. За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Тимот на ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ - Скопје Ви посакува пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели ...
За подетални информации, резервации и уплата обратете се во нашата агенција ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ на телефонските броеви 078/248568 и 078/293385 или на маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

 

 

 

 

 

Log in or create an account